За Нас

Добредојдовте во Министерството за спорт

Кои сме ние?

Министерството за спорт е национална институција посветена на развој, промоција и заштита на спортот и физичката култура за сите граѓани.

Нашата мисија

Да обезбедиме еднаков пристап до спортот, да негуваме таленти и да изградиме силна основа на вредности, инфраструктура и меѓународна соработка во областа на спортот.

Што правиме?

Запознајте го тимот

Министер за спорт

Борко Ристовски

Борко Ристовски е истакнат македонски ракометар и спортски менаџер. Тој е роден на 2 ноември 1982 година.

Ристовски кариерата ја започнува како ракометар во РК Југ Скопје (1998/1999) и РК Македонија Скопје (1999/2000), пред да се приклучи на РК Вардар. Во РК Вардар Скопје, пак, тој ја гради својата кариера како голман во периодите 2001/2002-2002/2003, 2010/2011, како и 2019/2020-2022/2023, постигнувајќи значајни успеси.

Неговиот меѓународен успех го води во клубови како SD Tecro Понтеведра, CB Algeciras во Шпанија, Металург Скопје, Vfl Gummersbach во Германија, Al Ahly во Египет, US Creteil во Франција, Rhein-Neckar Lowen во Германија, Barcelona во Шпанија, Benfica во Португалија, и TBV Lemgo во Германија. Во секој од овие клубови, Ристовски покажува исклучителни вештини, освојувајќи бројни титули и признанија.

Во 2023 година, Ристовски е назначен за извршен директор на РК Вардар.

Борко Ристовски има диплома од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со специјализација во областа на финансиите и менаџментот.

Неговиот придонес кон спортот и заедницата е признен и со повеќе награди, меѓу кои посебно се издвојуваат: Орден за Почесен граѓанин на Република Македонија (2012) и Медал за заслуги за Македонија (2017), доделени од претседателот на Република Македонија.

Ристовски течно говори англиски, шпански, португалски и германски јазик.

minister za sport image

Заменик министер

Сафије Садики Шаини

Сафије Садики Шаини е универзитетска професорка, пратеничка и моментално Заменик министер за спорт во Владата на Република Северна Македонија.

Родена на 04 мај 1988 год и израсната во Слупчане, таа својата академска кариера ја започнува во Тетовскиот универзитет, каде дипломира како инженер по информатика во 2012 година.

Магистрира во 2017 година во областа на компјутерските науки, со тема за онлајн системи, маркетинг и е-бизнис. Во моментов е кандидат за докторски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа, со истражување фокусирано на машинско учење и предвидување на времетраење на објавување на закони во рамки на е-парламент.

Работното искуство го започнува како асистент по информатика на Тетовскиот универзитет (2012–2019), а потоа продолжува на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, каде работи до денес.

Паралелно со академската кариера, таа активно учествува во политичкиот живот. Од 2020 до 2024 година е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Во ноември 2023 година е именувана за координаторка на пратеничката група составена од политичките партии Алтернатива, Демократско движење и Движење Беса.

Сафије течно говори албански, македонски и англиски јазик, а има основно познавање од францускиот јазик.

zamenik minister ms image

Органограм

organogram image y0s0
Scroll to Top